За проектот Food4All
Проектот Food4All официјално наречен „Поттикнување на инклузивност и разновидност во прехрамбениот сектор за лица со посебни диететски барања“, е иницијатива во рамките на Еразмус+ КА220-VET, насочена кон унапредување на стручното образование и обука (СОО) во кулинарскиот сектор низ Европа. Проектот ги разгледува растечките потреби за квалификувани кулинарски професионалци кои можат да се справат со широк спектар на диететски потреби, обезбедувајќи безбедни, инклузивни и висококвалитетни искуства во исхраната за сите.
Проектот има временска рамка од октомври 2024 до септември 2026 година и вклучува консорциум од пет партнерски земји : Франција, Шпанија, Грција, Северна Македонија и Турција. Партнерството ги обединува давателите на услуги во СОО, кулинарски профеционалци, експерти за политики и претставници на индустријата за решавање на предизвиците поврзани со диететската инклузивност во секторот за храна и пијалоци. Оваа иницијатива е основана врз решавање на клучни проблеми како што се безбедноста на храната, свеста за алергии, етичките и културолошките диететски размислувања и промоција на диети од растително потекло. FOOD4ALL има за цел да развие иновативни и инклузивни ресурси, фокусирајќи се на опремување на кулинарските професионалци, учениците во СОО, едукатори со компетентност потребна за управување со посебни диететски потреби. Овој напор е во согласнот со регулативите на Европската унија за безбедност на храната и исхраната, особено со регулативата од 2021 за безбедност на храната, алергии и управување со отпад. Со решавање на недостигот на стручното образование и вештини во оваа област, проектот има за цел да поттикне понатамошна инклузивна култура во кулинарството во партнерските земји.