Food4ALL

FOOD4ALL предлага...

Водич за кулинарска инкузивност

Водич за кулинарска инклузивност е главниот резултат од Работниот Пакет 2 (РП2), кој е основен дел од проектот Food4All. Негова главна цел е да создаде „Водич за кулинарска инклузивност"", кој ќе служи како сеопфатен образовен ресурс, помагајќи им на кулинарските професионалци и учениците во стручното образование да ги разберат и решаваат комплексностите на задоволувањето на различните диететски потреби. Водичот е дизајниран да промовира кулинарска еднаквост и инклузивност, нудејќи практично знаење и вештини прилагодени на различни диететски барања. Водичот е структуриран во пет различни модули, секој од нив насочен кон специфичен аспект на диететска инклузивност:

1. Свесност за алергени и безбедност на исхраната: Се фокусира на идентификување, управување и прилагодување на рзлични алергени за да се обезбеди безбедно искуство при јадење. Ги разгледува ризиците од контаминација и регулаторните барања, обезбедувајќи алатки за управување со алергени.

2. Холистички здравствен и диететски менаџмент: Покрива специјализирани диети поврзани со здравствени состојби како што се дијабетес, хипертензија, кардиоваскуларни заболувања и целијакија. Целта е да им се овозможи на кулинарските професионалци да понудат персонализирани планови за оброци за лица со специфични здравствени потреби.

3. Кулинарска извонредност со растителен погон: Ги опремува готвачите и кулинарските ученици со вештини за создавање вкусни и иновативни јадења од растително потекло, кои одговараат на вегетаријански, вегански и флекситаријански диети.Ги потенцира еколошките, етичките и здравствените придобивки од готвењето храна од растително потекло.

4. Истражување на различни диететски пристапи: Истражува различни диететски трендови, вклучувајќи кетогена, ниска-ФОДМАП(Ферментирани олигосахариди, дисахариди, моносахариди, полиоли)исхрана и постење, обезбедувајќи увид во нивните принципи и кулинарска апликабилност. Целта е да им се помогне на кулинарските професионалци да ги задоволат индивидуалните преференци и здравствени цели на потрошувачите.

5. Глобален кулинарски навигатор: Едуцира за глобалните кулинарни традиции, културолошките диететски практики и етичките размислувања. Вклучува три под-секции.

6. Културен кулинарски компас: Ги води кулинарските професионалци низ различни културолошки кулинарни традиции, истакнувајќи ги диететските ограничувања базирани на традицијата и историјата.

7. Водич за усогласеност со „религиозна исхрана“: Обезбедува детални информации за специфичните религиозни диететски правила како што се Халал, Кошер или пак исхрана во Хиндуизмот.

8. Прирачник за етички јадења: Ги адресира прашањата на одржливост и етика, нудејќи насоки за благосостојбата на животните и одговорното набавување. Водичот за кулинарска инклузивност има за цел да биде динамична алатка која може да се интегрира во програмите за стручно образование, помагајќи да се премостат разликите помеѓу барањата на индустријата и кулинарното образование.

Кулинарен Иновациски Лабораториум

Основата поставена во Работниот Пакет 2 служи како теоретска основа за Кулинарниот Иновациски Лабораториум кој се фокусира на практични примени, обезбедувајќи им на кулинарските професионалци иновативни рецепти, техники за подготовка на менија и напредни методи на готвење прилагодени на специјализираните диететски потреби. Овој Лабораториум ќе биде платформа за е-учење обогатена со различни визуелни материјали и инфографи; имајќи за цел да ги подобри вештините и адаптибилноста на кулинарските експерти, овозможувајќи им успешно да се справат со различните диететски барања и да стекнат практични вештини со кои ќе можат да ги задоволат трендовите на потрошувачите и пазарот кои се во постојан развој. Кулинарските професионалци кои сакаат да се обучат во оваа област, ќе имаат практична обука составена од 5 е-курсеви. Специфични цели на е-курсевите се:

1. Креирање на иновативни рецепти: Создавање на креативни и вкусни рецепти прилагодени на специјализираните диететски потреби, како што се рецепти без алергени, рецепти прилагодени за дијабетичари и рецепти за храна со растително потекло.

2. Планирање и дизајн на менија: Развивање на стратегии за креирање на добро избалансирани менија кои ги исполнуваат различните диететски ограничувања и преференци, обезбедувајќи разновидност во вкусовите, текстурите и нутритивниот состав.

3. Напредни техники за готвење со свеснот за контаминација: Совладување на најсовремени методи и техники на готвење, дизајнирани за специјализирани диететски потреби со цел подобрување на кулинарските вештини.

4. Прилагодување на рецептите во пракса: Прилагодување на традиционални рецепти со цел да се исполнат специфични диететски потреби, без да се компромитира вкусот или квалитетот на храната.

5. Тестирање на вкус и осигурување на квалитет: Редовно тестирање на вкусот и оценување на јадењата за да се исполнат стандардите за вкус, текстура и презентација, обезбедувајќи континуирано подобрување на квалитетот. Специфични цели на модулите за кулинарските експерти:

1. Развивање на иновативни рецепти за специфичните диететски потреби

2. Дизајнирање на разновидни и добро избалансирани менија.

3. Совладување на напредни техники на готвење.

4. Практикување на прилагодување на рецепти за специфични диетски потреби.

5. Спроведување на тестирање на вкус и осигурување на квалитет.

Водич за кулинарска интеграција

Водич за кулинарска интеграција е прирачник-мапа за организации во СОО, училишта, институции или компании кои прават обуки на работното место, како да ги интегрираат резултатите од проектот FOOD4ALL во своите програми. Целната група се вработените/работодавачите/сопствениците/ сите оние кои нудат услуги во секторот за храна и пијалоци. Фирмите, јавните институции и образовните институции се вклучени во целната група, бидејќи тие ќе бидат ефективни во доставувањето на подготвените материјали за обука до персоналот за угостителство. Овој документ служи како водич за СОО организации, училишта, институции и програми за обука на работно место во партнерските земји. Неговата основна цел е да се олесни беспрекорната интеграција на проектот FOOD4ALL во постоечките образовни рамки, овозможувајќи им на едукаторите да обезбедат висококвалитетна обука за работниците во угостителството. Водичот за кулинарска интеграција ги содржи следниве информации и содржини:

• Анализа на тренинг-пазарот во партнерските земји: анализа на тековната ситуација во однос на содржината на проектот во обуките во СОО во партнерските земји (анализа на актуелните можности за обука, квалификациите на тренерите, содржината, времетраењето на обуките во и надвор од СОО организациите).

• Информации за рамката на обуката и содржината

• Резултати од фокус-групите за тоа како ефикасно да се интегрира во националните наставни планови во СОО во партнерските земји.

• Предлози од експертите за тоа како да се интегрира содржината во СОО.

• Методологија чекор по чекор за интеграција во системот на СОО.

• Совети за наставниците за подготовка на планови за лекции базирани на содржината на проектот.

• Научни информации/водич за специјализирана исхрана (храна и материјали кои предизвикуваат алергии).

Scroll to Top